Митевски во Бизнис 21: Авионската индустрија трпи големи штети – се откажуваат летови, се намалуваат работни места…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионската индустрија трпи големи штети од војната во Иран, смета Виктор Митевски од здружението „ЗМАИ“ кој гостува вечерва во Бизнис21 на ТВ21.

Тој вели дека намалување на капацитетите на авионската индустрија, носи и укинување на работни места, намален туризам и се што е поврзано со авио сообраќај.

„Само вчера се откажаа 13.000 летови. Авионската индустрија ќе работи со помали капацитети, а тоа значи намалување на работни места, се што е поврзано со авионската инстустрија. Денеска да се реши конфликтот, ние ќе имаме проблем да се вратиме на нормалното. Ковид кризата и до ден денеска не го врати авиособраќајот на старото, иако таа помина.

Голем дел од тековните потреби или активности во економијата или индустријата се договори кои се склучени пред да се случи било каква криза, и денес од утре не можеме да го видиме ефектот врз индустријата. Ова ни кажува дека патот кон обновливи извори на енергија треба да го следат сите земји, особено Македонија“, рече Митевски.