Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција по новинарско прашање посочи дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети го информирал дека ќе започне преговори со СДСМ затоа што таа партија победила во македонскиот блок.
„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба, минатата недела во Собранието, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата којашто победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека не се согласувам, бидејќи партијата која убедливо победи во македонскиот блок е ВМРО-ДПМНЕ, но во ред, тоа е негово мислење, тоа е човек кој има соодветно искуство на политичката сцена и јас му посакав среќа“, истакна Мицкоски.
Тој порача дека тие ќе направат коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптеретуваат граѓаните, и додаде дека се водат разговори и треба да бидеме трпеливи.
