Мицкоски: Алијанса и Алтернатива ќе освојат повеќе градоначалници од ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој има договор за предизборна соработка на локалните избори со Зијадин Села и Африм Гаши, вели дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе освојат повеќе градоначалнички места од ДУИ.

Тој ова го изјави на брифингот со новинарите, а своето убедување како што вели го темели врз досегашните направени теренски анкети и сондажи за расположението на граѓаните, односно гласачите.

Воедно додава дека не се сигурен за советничките места, бидејќи како што вели тука составот ќе биде многу шарен како никогаш досега.