Над Бојане избувна пожар, се шири од Јегуновце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над селото Бојане избувна пожар, кој се шири од правец на Јегуновце.

Моментално сум на терен, заедно со екипите ангажирани за справување со пожарот.

На терен интервенираат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување се ангажирани и екипи на противпожарните служби од Тетово.

Од терен директно ги координираме сите активности и потребните капацитети за локализирање и гаснење на пожарот. Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни служби и институции ангажирани на терен.