Мицкоски: Да се овозможи бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кај кои постои најголем ризик да заболат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување...

Владо Бучковски именуван за специјален претставник на македонска Влада за Бугарија

Владо Бучковски, поранешниот премиер на Македонија, е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, потврди...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на...

Бизнисменот Фијат Цаноски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен...

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека Владата и Министерството за здравство треба да овозможат и организираат бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кај кои постои најголем ризик за зараза.

„Во време на #Covid пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна. Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга“, посочува Мицкоски.

.