Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека десетици случаи се во процес на истрага.
Како што вели, се отвора фронт со кој ќе се борат за правда за сите граѓани.
„Резолутна робусна битка против криминалот на улиците и ова ќе продолжи. Еве сега овие две акции, ова ќе продолжи и во периодот кој што следи бидејќи десетици случаи се во процес на истрага од страна на органите на прогонот и секаде онаму каде што постојат основани сомневања поткрепени со докази дека поединци сториле кривично дело, ќе бидат процесуирани“, вели Мицкоски за ТВ21.