Мицкоски до новинарите: Одете во Слупчане – не одговори за злоупотребените 57 милиони евра за споменици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прашан за злоупотребените 57 милиони евра за 11 споменици, од страна на екс функционери од редовите на неговата партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека овој случај има за цел да ја дефокусира јавноста. Тој не одговори конкретно, туку овие злоупотреби ги спореди со поставениот споменик во Слупчане – Куманово, минатата година. Мицкоски рече дека „Кулата на Борците„ која е поставена во чест на ОНА, со средства од Општина Липково е дивоградба и го повика обвинителот во случајот Феникс да покрене и предистражна постапка и за спомениците во Колари и Зајас.

Во врска со споменатиот случај реагираа од СДСМ. Велат дека со тие 57 милиони евра кои ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребила, можело да се изградат 33 нови градинки ширум земјата.

Во последниот случај „Феникс“ и отворената истрага од Обвинителството 15 лица се осомничени, меѓу нив и високи поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се товарат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од проектот Скопје 2014.