Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по меѓувладината седница меѓу Владите на Македонија и Косово, истакна дека етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи.

Според него, тие не знаат како да привлечат внимание.

„Етнички теми отвараат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои што решаваат реални проблеми за реалните потреби на граѓаните. Тогаш тие не знаат како да привлечат внимание, и на тој начин преку политички егзибиционизам се обидуваат да анимираат публика, ние сме тука да разговараме за меѓусебна соработка…“, порача Мицкоски.