Мицкоски: ЕУ треба да си го исполни ветувањето кое го даде на овој народ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Европската Унија треба да си го исполни ветувањето кое го дала на овој народ.

Тој додава дека тоа што го сака за граѓаните е малку ведрина, а тоа е ЕУ да го исполни своето ветување и да ги отпочнеме преговорите.

„Нашиот став е непроменет и тоа треба да биде став на секој еден граѓанин, а тоа е преговори веднаш. Преговори треба утре да се случат, а ЕУ треба да си го исполни ветувањето кое го даде на овој народ, на Македонија, дека веднаш по исполнување на критериумите со кои Зоран Заев нè понижи како народ и нација, ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство“, порача Мицкоски.