Мицкоски: Европа нѐ издаде

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски, на попладневен брифинг со новинарите, рече Европа не издаде и дека не треба да седиме на иста маса со ЕУ, ако не си веруваме.

„Немаме веќе сили и простор за национални концесии. За што преговараме со Бугарија, зошто? Ни беше кажано само Преспа и толку. Ако треба да седиме на иста маса со ЕУ како партнери, тогаш треба да си веруваме. Вака довербата се губи. ЕУ мора да почне да испорачува, не само да бара. Европа не издаде“, изјави Мицкоски на попладневниот брифинг со новинарите.