Дизел горивото во Македонија е за половина евро по литар поевтино тоа во Албанија, 35 центи од Србија, 30 до 50 центи по литар поевтино од сите држави во регионот, рече премиерот Христијан Мицкоски одгаоварајќи на новинарски прашања.
„Така што ако ја оставиме политиката на страна и почнеме да ги гледаме бројките, ќе дојдеме до заклучок дека во моментот, бидејќи сите купуваме од исто место, не купуваме од различно место, сите купуваме од исто место нафта и нафтени деривати, граѓаните во Македонија, но и граѓаните на дел од соседните земји доаѓаат во Македонија на бензинските македонски пумпи да ги полнат резервоарите на своите автомобили и на своите превозни средства“, истакна Мицкоски.
