Мицкоски и Николоски на средби во Унгарија – граѓаните премногу долго чекаат на забележителен напредок на патот кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта остварија средба со Претседателот на комитетот за надворешни работи на Парламентот на Унгарија г. Золт Немет и пратеникот на Фидес г. Габор Домос.

Мицкоски на својот Фејсбук профил посочува дека на денешната средба се разговарало за парламентарната соработка на ниво на сестринските партии, како и актуелната здравствена и економска криза.

„Граѓаните на Македонија премногу долго чекаат на забележителен напредок на патот кон ЕУ, а сето тоа покрај евидентираниот недостаток на реформи, лош стандард и недостаток на правда, е отежнато и со ветото од Бугарија. Од страна на потпретседателот Александар Николовски беа истакнати злоупотребите кои се прават од власта како и употребата на законите со европско знаменце како начин да се замолчи опозицијата и без консензус да се протуркаат клучни законски решенија, како што е Законот за попис“, додава Мицкоски.