Мицкоски: Им ветувале во ЕУ дека ќе се направат уставни промени со влечење пратеници за уши

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 вечерва рече дека при последната посета на Брисел, при средбите во Европската унија соговорниците му рекле дека го поддржувале францускиот предлог бидејќи добиле ветување од поранешниот премиер на Македонија дека истиот ќе се исполни.

„Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа. Со што не засрамија. И ги засрамија во Европската унија. Знаете што ми велат мене таму? Мене сите соговорници ми велат ние го поддржувавме тоа, затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат, по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успеаа. Сега што правиме?“, изјави премиерот Христијан Мицксоки.

Тој додаде дека на „памет не му паѓа да дава гаранција за нешто за што не бил сигурен дека ќе го испорача“.

Премиерот рече дека „или ќе правиме држава врз основа на нашиот национален интерес или да бидеме држава за потсмев“.

На прашање дали Мицкоски е сигурен дека Грција би кренала рака за членство на Македонија во ЕУ по забелешките за Преспанскио договор, премиерот одговори дека е сигурен само во тоа дека треба да се направи државата да биде подобро место за живеење.