Мицкоски: Имам лоша вест за сите оние кои се молат да не успее оваа Влада – ќе сведочат за многу успеси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Сите оние кои се молат да не успее оваа Влада, а со тоа да не успее и државата и граѓаните, за жал, имам лоша вест – ќе мора да сведочат на многу успеси кои ги прави оваа Влада“.

Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за Реформската агенда.

„Тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар, и тој дел ќе го прескокнам. Само да ги предупредам македонските граѓани дека атмосферата во опозицијата е специфична и поради тоа имаат различни ставови на една иста тема, а понекогаш тие самите се  доведени во ситуација да се деманитраат. Фактите се дека рековме од последни во групата од Западен Балкан ќе бидеме први, се зафативме со жетока работа и еве веќе од оној јануарски извештај сме први, сега следува јунскиот извештај и работиме на сите портфолија и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и сега во јуни. И овие 30-31 милион кои се директна буџетска поддршка, да се доближиме до бројката 100 милиони“, рече Мицкоски.