Мицкоски: Итна и брза мобилиззација на институциите во справување со пожарот во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со статус на „Фејсбук“ се огласи по повод пожарот во ковид болницата во Тетово.

„Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово.ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа.“, напиша Мицкоски.