Мицкоски ја поздрави резолуцијата на Бундестагот – Шмит: Не се плашете, вашиот идентитет е заштитен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави резолуцијата, усвоена доцна синоќа во германскиот бундестаг во која се вели деке Германија ја признава македонската  културата, идентитетот и јазик. Лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски рече дека ќе продолжи да врши притисок со цел такви резолуции да има што повеќе.

Пораката на германската резолуција е да не се плашите бидејќи вашиот идентитет е заштитен“, изјави за ТВ21 Кристијан Шмит од партијата ЦСУ и истовремено и висок претставник за Босна и Херцеговина. Шмит рече дека во Германија сите се на еден став дека Македонија треба да биде дел од ЕУ, а охрабри да продолжи комуникацијата меѓу опозицијата и власта за уставните измени.

„Ако зборуваме за заштита на правата на бугарското малцинство во Македонија, не станува збор за самата Македонија. Македонија е призната земја и треба да биде дел од Европската Унија. Ова е пораката и мислам дека нема многу можност да помине затоа што ако прашате што треба да се направи, би предложил сите одговорни фактори во Северна Македонија, политички да работат за да го најдат патот за она што го бара ЕУ“, вели Кристијан Шмит.

Во меѓувреме, вчера европскиот амбасадор Дејвид Гир порача дека Македонија не треба да чека Советот на Европа да усвои нов документ со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик, бидејќи на патот кон ЕУ идентитетот не се губи, туку зајакнува.

„Впрочем, македонскиот јазик е веќе во преговарачка рамка за преговори без никаква квалификација. Што се однесува до очекувањата, мислам дека е нереално да се очекува да има подобар договор со Бугарија од она што беше постигнато минатата година и резултираше со отворање на преговорите во јули. Никој не треба да очекува договори, гаранции, дополнителни ветувања поврзани со интегративниот процес“, порача Дејвид Гир.

Германскиот Бундестаг доцна синоќа ја одобри резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, но во текот на расправата резолуцијата беше изложена на остри критики од опозициските партии, вклучително и од ЦДУ. ЦДУ и нејзината сестринска партија ЦСУ рекоа дека се против резолуцијата бидејќи моќта во Германија ја одвојува или фаворизира Северна Македонија од останатите држави во регионот.