Ливерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски во интервју за Сител прашува зошто за време на пописот е потребен двоен потпис.
„Кажете ми втор пример во светот каде што има држава со двоен потпис. Еве да веруваме дека намерата е таква какво што е. Дека не треба ова да биде на штета на еден или друг, туку да веруваме дека намерата за попис е најчесна, зошто на крај е потребен двоен потпис? Тогаш ќе стиснеме ентер, еве јас сум инженер точно знам како работат сметачките машини и софтверите, патем речено сум и програмер, ќе стигнам ентер и ќе излезат податоци на печатач, зошто мора да имаме двоен попис? Ако не е политичка операцијата?“, праша Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на масовна мобилизација за да се соберат потписи за повлекување на предлог- законот кој е во Собрание.
