Премиерот Христијан Мицкоски денеска во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во акциите се постапува многу внимателно.
Како што вели, нема упаѓање на специјалци во домовите, ниту маскирани лица апсат пред очи на деца.
„Многу внимателно завршуваат сите процеси надвор од јавноста, преку соопштенија затоа што не сакаме да влијаеме врз презумцијата на невиност, достоинството на луѓето, колку и да постојат основани сомненија дека тие сториле криминал“, вели Мицкоски.