Премиерот Христијан Мицкоски, му честиташе победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД. Кажа дека со нетрпение се очекува натамошно продлабочување на цврстото партнерство и соработката меѓу двете земји.
„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.
Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.
Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.
Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.
Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!“, напиша Мицкоски.