Премиерот Христијан Мицкоски, во Брисел денеска имаше средба со еврокомесарката за надворешни работи Каја Калас.
Мицкоски на својот „Фејсбук“ нашиша дека на еврокомесарката и ги соопштил нашите позиции и цели.
„На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите“, стои во објавата на Мицкоски.