Мицкоски на средба со Меџити и Касами, разговараа за барањето на студентите правосудниот испит да биде и на албански јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Од Владата информираат дека премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Биљал Касами, пренесува TВ21. Како што соопштенија од Владата, на средбата се разговарало и за барањето на студентите Албанци правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

“Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава. Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност“, соопштија од Владата.