Нови 600 лица ќе се вработат во МВР. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип. Тој рече дека во министерството е откриен епски криминал, и дека сето тоа треба да излезе пред правдата. Меѓутоа таму има многу несоодветен кадровски потенцијал, и затоа ќе има нови вработувања, а исто така мора да се вработат нови кадри поради тоа што некои заминуваат во пензија.
„Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал. Дојдовме до заклучок во изминатите месеци дека има епски криминал во МВР, и за тоа да се санкционира и да излезе пред правдата ова осмновано сомневање, потребен е квалитетен човечки потенцијал. Овој период се планирани 600 вработувања во МВР, дел поради приордно заминување во пензија, дел поради да се зајакне кадровски“, изјави Мицкоски.