Мицкоски најавува ваучери од 250 евра за електронски уреди за студентите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти.

Како пто вели, младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови за да делуваат, за да учат, создаваат, да стекнуваат вештини и потоа тие да не водат напред, затоа што како што кажав оваа борба нема да е лесна, и овој пат нема да е без препреки и едноставен.

„Денеска пред вас, со верба во вас и во сите млади кои се дел од другите партии, но и не се дел од ниедна, со верба во сите вас обзнанувам дека владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите“, порача Мицкоски.