„Мицкоски не е привилегиран“ – иницијативниот одбор продолжува со барањето за негова оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иницијативниот одбор за оставка на Христијан Мицкоски побара  што побрзо да организира конгрес за избор на нов претседател. Еден од иницијаторите, Борче Стамов рече дека Мицкоски не треба да биде привилегиран пред Груевски и Георгиевски, кои веднаш по неуспехот по  изборите, доставиле оставка.

Мицкоски досега не одговори на барањето на неговите сопартијци, но од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, велат  дека до нивната партија не пристигнало такво барање за оставка на лидерот.

Меѓу иницијаторите кои бараат оставка од Мицкоски е и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков и секој ден добиваат поголема поддршка од членовите на вмро ДПМНЕ за оставка  на Мицкоски.