Мицкоски не може да ја „проголта“ власта на ДУИ – oдењето на Ахмети кај Курти го нарече злосторство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не може да  го „проголта„ одењето на Ахмети заедно со неколку министри во Приштина. Вели дека актуелната влада е на ДУИ и дека СДСМ не е никаков фактор. Според него, Ахмети со своите министри се претставуваат како да се водачи на државата а имаат само 15 пратеници во Собранието.

Како што изгледа на Мицкоски му смета и тоа што некои важни министерства ги раководи кадар на ДУИ.

Мицкоски овие изјави ги даде на неговото обраќање на обуката што ја одржа Унијата на жени во ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политичките кампањи и целите на организациите на жените“, каде меѓу другото додаде дека институциите со кои раководи кадар на ДУИ се финансиски и економски уништени, а вработените се немотивирани и недисциплинирани.