Мицкоски не се појави во ПС Беко – Андоновски: „Јас побарав да се отвори кафеаната“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициските службеници го чекаа Мицкоски уште во 10 часот изутрината за да даде исказ околу случајот со кафеаната на Боемска улица. Но, тој не се појави, а наместо него, како што дознаваме, дошла неговата адвокатка која побарала одложување, со образложение дека тој бил службено спречен да дојде.  Пред полициските службеници исказ даде Љупчо Андоновски, поранешен шеф на УБК, а сега советник на министерот Наќе Чулев со кого Мицкоски вечерта седеше во затворениот дел од објектот. Изјавил дека тој се договорил со еден од сопствениците да им ја отвори кафеаната и притоа ги отфрли обвинувањата дека ги спречувале трудовите инспектори да влезат.

„Поседовме поразговаравме околу час и половина, после тоа тој ја напушти винаријата, нормално по него јас, газдата ја заклучил винаријата и си заминал за да од средствата за масовна комуникација, од вас медиумите, разберам дека ние сме биле таму во винаријата дека сме попречувале  да влезат инспекторите на Трудовата инспекција, дека директорот Сашо Тасевски повикал и единица за брзо распоредување“, истакна Љупчо Андоновски.

За денешниот повик  на Мицкоски и Андоновски во полициска станица е доказ дека се спроведува неселективна правда, изјави министерот Чулев. Рече дека во иднина не само Мицкоски, тукук ќе бидат пчовикани сите кои ќе го прекршат законот.

„Во конкретниот случај и мојот советник, меѓутоа и лидерот на опозицијата прекршиле уредба на Владата, односно одлука, со која што се забранува престој во затворен објект и тие ја признаа грешката заради незнаење и согласно во координација со Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи ги повика на разговор“, истакна Наќе Чулев.

На почетокот на овој месец во една од кафеаните на  „Боемска улица“ во Дебар Маало Мицкоски бил забележан како седи во затворениот дел на објектот спротивно на владината уредба за заштита од корона вирусот. Со него вечерта покрај екс шефот на УБК Андоновски, бил и Ален Зекиров. На инспекторите не им беше дозволено да влезат, за потоа откако Мицкоски излегол од објектот биле пуштени да направат увид.

.