Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос за промена на процесот на проширување не значи воведување нови критериуми за Македонија. Тој истакна дека земјата ја спроведува реформската агенда и има усогласени политики со Европската Унија. Според Мицкоски, Македонија ќе ги исполни сите обврски што не се поврзани со билатералните услови и ќе продолжи по патот кон ЕУ.
„Нема нови критериуми кога зборуваме за пристапувањето во ЕУ за земјите кандидати, засега. Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Имаме одредени предизвици што се пред нас, не само како земја, туку и самата ЕУ има предизвици. Изјавата на Кос е во друг контекст и нема врска со Северна Македонија како земја.
Имаме усогласени надворешни политики со ЕУ, имаме целосна доверба во рамките на ЕУ, работиме на реформската агенда. Во декемврискиот извештај бевме подобри, очекуваме истото да биде и во јунскиот извештај. Она што е наша обврска, надвор од билатералните услови, ќе го направиме и ќе бидеме најдобри, а и сме најдобри. Затоа, продолжуваме во оваа насока“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
