Мицкоски: Никогаш не сум бил во Русија – фирми сериозно работат на комерцијални услови на руски пазар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Коментирајќи го ставот на Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека го разбира, затоа што е коалиционен партнер на Заев, и порача да одговори на прашањето колку пати бил во Москва.

„Не му замерувам на Георгиевски, го разбирам, тоа е коалиционен партнер на Заев. Еве јас ќе го прашам колку пати он бил во Москва. Дали он знае дека сериозно работи со Русија?“, рече Мицкоски.

реклама

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека никогаш не бил во таа земја.

„А, јас, никогаш не сум бил во Русија, ниту познавам во човек, и би сакал да ја посетам. Познавам еден човек од таму, кој дојде да ја поправи турбината во РЕК Битола“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

реклама
реклама
реклама