Премиерот Христијан Мицкоски образложи зошто предложи информатичарот Азир Алиу да биде нов министер за здравство. Очекувањата на премиерот се Алиу поефикасно да го менаџира здравствениот систем.
„Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние се уште трчаме од шалтер на шалтер. Време е тоа да се промени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Сепак, расправата за кадровското решение во здравството, прерасна во меѓусебни обивнувања на доскорешните коалициски партнери. Пратеникот Халил Снопче кажа дека тие не можат да бидат уценети и затоа се вратиле во опозиција.
„Арбен Таравари сам си поднесе оставка како министер за здравство. Нема да зборувам за Арбен, граѓаните ќе оценат. АА после една година владеењето не може да ги ипслони совите ветувања и затоа решивме да се вратиме кај граѓаните и да одиме во опозиција“, изјави Халил Снопче од Алијанса за албанци.
„Дали мислиш дека политиката е фудбал и во одреден момент ти можеш да си со ДУИ и да го смениш дресот и се смееш со ДУИ заедно против ВЛЕН, како никогаш да не сте биле досега. За информација, Арбен Таравари беше обврзан да даде оставка. // Арбен Таравари не ја напушти Владата, беше избркан од Владата“, изјави Беким Ќоку од коалиција ВРЕДИ.

„Кога Арбен Таравари го штитеше Арбен Фетаи и другите, ти со другарите од Самоопределување велевте дека Арбен Фетаи е Артан Груби на Алијанса за Албанците. Овие се ваши зборови – Арбен Фетаи е Артан Груби на Алијанса за Албанците… а за промена на дресовите, ти си тој кој ги менуваш дресовите“, изјави Халил Снопче од Алијанса за албанци.

„Ние сме конзистентни на таа линија, а за тоа што велите вие дека се вративте кај народот, јас гледам дека се вративте кај ДУИ“, вели Аднан Азизи, коалиција ВРЕДИ.

Од ДУИ пак побараа предвремени парламентарни избори поради, како што велат, влошените меѓуетнички односи.
„Да се оди на предвремени парламентарни избори, каде ние како Дмеократска унија за интеграција и како Европски фронт, повторно ви велиме дека е идеална можност со локалните избори да се оди и на парламентарни избори и суверенитетот уште еднаш да одлучи за легитимноста и да се излезе од оваа внатрешна и надворешна криза“, изјави Блерим Беџети од ДУИ.

Освен Азир Алиу, на седницата се расправаше и за Албрим Хоџа како нов заменик министер за земјоделие. Засега ќе се почека за предлог за нов заменик министер за одбрана, позицијата која исто така и припаѓаше на Алијанса за Албанците додека беше дел од коалицијата ВРЕДИ.
