Мицкоски: Очекуваме да победиме во Брвеница со над 4.000 гласови!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од партијата да победат во вториот круг од локалните избори во Брвеница, пренесува ТВ21. Мицкоски оценува дека Стојанчо Радичевски ќе оствари убедлива победа над кандидатот на НАИ, Аркин Јахији.

„ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, а кампањата во Брвеница, во вториот круг, не е исклучок. Во првиот круг освоивме повеќе гласови, речиси 3.000. Сега очекуваме да ја зголемиме таа бројка. Нашата цел е да надминеме 4.000 гласови и веруваме дека со таков резултат ќе победиме во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата, секогаш влегува во изборите за да победи. Ние, за разлика од политичките партии кои се обединија околу противкандидатот, директно им се обративме на жителите на Брвеница. Тие создадоа етнички поделби, без да водат сметка дека на 2-ри ќе си заминат, а луѓето што ќе останат таму ќе продолжат да живеат заедно“, изјави Мицкоски.