Премиерот Христијан Мицкоски вечерва пристигна во швајцарскиот град Давос, каде во следните денови ќе учествува на Светскиот економски форум. Тој најави дека ќе има бројни состаноци и панели, на кои ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.
„Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции.
Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот.
Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос“, напиша Мицкоски.
