Почнува нокаут – фазата на Мундијалот, Јужна Африка и Канада во првиот дуел за пласман во осминафиналето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со вечерашниот дуел меѓу Јужна Африка и Канада во 21 часот, започнува нокаут-фазата на Светското првенство во фудбал.

По вчерашните натпревари, познати се сите 32 репрезентации кои обезбедија место во шеснаесетфиналето на Светското првенство 2026.

Од групата А понатаму продолжуваат Мексико и Јужна Африка, од групата Б Швајцарија, Канада и Босна и Херцеговина, од групата Ц репрезентациите на Бразил и Мароко, а од групата Д екипите на САД, Австралија и Парагвај. Во втората фаза на Мундијалот се пласираа и Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор од групата Е, како и Холандија, Јапонија и Шведска од групата Ф.

Од групата Г се пласираа Белгија и Египет, од групата Х пласман обезбедија Шпанија и Зеленортските Острови, од групата И – Франција, Норвешка и Сенегал, од групата Ј – Аргентина, Алжир и Австрија, од групата К – Колумбија, Португалија и Демократска Република Конго, додека последните патници во нокаут-фазата се Англија, Хрватска и Гана од групата Л.

Сите фаворити за титулата се пласираа во шеснаесетфиналето, но меѓу екипите што не обезбедија пласман во втората фаза на СП се најдоа и некои репрезентации за кои речиси со сигурност се сметаше дека ќе се најдат меѓу 32 најдобри екипи, како Уругвај, Турција, Јужна Кореја и Шкотска.