„Мицкоски од сенката на Груевски не може да излезе – гласовите ги злоупотребуваат за да ја држат државата во заложништво“, вели Шекеринска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, ги коментираше и случувањата во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека сегашниот лидер Мицкоски, не може или не сака да излезе од сенката на Груевски.

„Нивните работи ги оставаме за нив. Тоа што им се случува, и начинот како ги менаџираат различните мислења, не ме изненадува. Не можеа да бидат демократска партија на власт, и тоа не може да го видиме и во позицијата. Кога ќе видиме какви кандидати предлагаат. Гласавме за претседателот на ДИК, и знам дека на пратениците им се враќаа рацете кога гласаа. Но ние мораме да покажеме дека сме поразлични од нив и дека го почитуваме законот. И на тој тест ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ништо не се смени“, изјави Шекеринска и додаде:

„Сега Груевски да се пресели и да е сокриен во зградата, истото ќе се случува. Мицкоски не може или не сака да избега од неговата сенка. Но, тоа си е нивна работа. Гласовите ги злоупотребуваат за да ја држат државата во заложништво“, вели Шекеринска.