Мицкоски: Оние кои ќе останат дома на денот на гласање, всушност ќе гласаат за лошите политичари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„На прагот сме да ја поздравиме историската победа со мнозинство пратеници во македонскиот парламент на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа ве молам излезете и гласајте, гласајте за вашето семејство, за вашата Македонија. Ве молам на овие избори гласајте во името на вашето семејство каква иднина сакате да има, на овие избори нема трета, четврта опција. Има две опции едната е опцијата на актуелната влада во која вистински стопан е Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери и измеќарите во таа влада за жал малкумина измеќари во таа влада кои се уште се раководство на СДСМ како Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и останатите. Втората опција е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот“, истакна претседателот и носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.

Претседателот Мицкоски упати порака и до оние кои ќе одлучат да останат дома и додаде:

„Мојата порака и до оние кои на 8 мај ќе одлучат да останат дома, да не гласаат мислејќи дека на тој начин ги казнуваат политичарите бидејќи според нив сите се исти, а во суштина не знаат дека гласаат, гласаат за лошите политичари, гласаат за Али Ахмети да има пратеник во четвртата изборна единица”, дециден е Мицкоски.