Мицкоски: Остануваме во проекциите за економски раст над 3,5%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владата останува во проекциите за економски раст над 3,5 проценти, нагласувајќи дека во првиот квартал е забележан реален раст од 3,1 процент, односно 3,3 проценти според усогласени и сезонски вредности. Тој додаде дека Македонија моментално се рангира меѓу земјите со најдобри перформанси во Европа во однос на бруто домашниот производ.

„Ние остануваме на тие проекции што ги имавме, дека растот ќе биде над 3,5 проценти. Со оглед на тоа што во првиот квартал постигнавме реален раст од 3,1 процент, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува една од најдобрите во Европа во овој момент. Колку и да некои поединци сакаат да ја искриват вистината или да ја прикажат на сатиричен начин целата оваа работа. Но, за нив имам лоша вест: Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија, како многупати во историјата, ќе победи.“, изјави Мицкоски.