Мицкоски: Ова е можност за јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во објавените аудио снимки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По денешното објавување на аудио снимки на кои наводно се слушаат гласовите на Христијан Мицкоски и Зоран Милевски – Кичеец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски реши јавно да се обрати преку својот Фејсбук профил каде истакнува дека ова е можност за јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во објавените аудио снимки.

„Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани. Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,, А1 он” кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината“, пишува Мицкоски.

Тој потсетува и на својот одговор на прес конференцијата во август.

„Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка“. Па јас и денес стојам на овој став“, додава Мицкоски.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Иако не ги оправдувам, ги разбирам Зоран Заев и апологетите на власта, тие мораат да ја дефокусираат јавноста од…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Freitag, 8. Mai 2020