Мицкоски: Подолго време поранешниот директор на Лотарија не се наоѓа на територија на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Моите информации говорат дека поранешниот директор на Лотарнија подолго време не е на територијата на Македонија“, рече Христијан Мицкоски во ClickPlus на ТВ21 за акцијата против Државна Лотарија поради злоупотреба на пари од буџетот на Акционерското друштво, во кој вклучен е и екс вицепремиерот Артан Груби.

Мицкоски од студиото на ТВ21 рече дека Артан Груби со дипломатско возило и со уште едно лице ја напуштил земјава, и се упатил кон Косово.

Министерот Панче Тошковски претходно на прес-конференција рече дека се утврдени неправилности при напуштањето на Груби на земјава.

„Тоа е поширока група на луѓе, не се само поранешниот вицепремиер и екс директорот на Лотарија. Поранешниот прв човек на Лотарија подолго време не се наоѓа на територија на Македонија, а дека екс првиот вицепремиер со возило со дипломатски таблици. Не би можел да кажам каде отпатувал после тоа откако излегол од државава“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека по враќањето од Брисел, ќе има средба со оние кои учествувале во спроведување на акциите.

„Истрага е сеуште, се уште во фаза на истрага случајот, инаку веднаш од моето враќање од Брисел планирам да има дебрефинг со сите вклучени во овие акции. Но станува збор за најобемни и најголеми акции од независноста на државата“, рече Мицкоски.