Мицкоски: Само една татковина, еден сон и една Македонија – премалку сме за да се делиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски упати порака за единство и обединување на граѓаните на свеченоста по повод 35 години независност, под мотото „Силно светнал ден!“.

Мицкоски порача дека граѓаните треба да веруваат во државата и да работат на нејзино подобрување, нагласувајќи дека Македонија, и покрај проблемите, има сила да ги надмине предизвиците.

„Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена, туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми, туку затоа што имаме сила да ги решиме“, порача Мицкоски.

Тој повика на обединување и меѓусебна поддршка, без поделби меѓу граѓаните.

„За сите има место и почит под ова небо и знаме. Не постои ваша и наша татковина, ваш и наш премиер, ваша и наша влада. Има само една татковина, еден сон, една борба. Само една и единствена Македонија. И премалку сме за да се делиме“, рече премиерот.

Мицкоски оцени дека земјата постигнала резултати и покрај тешките услови, посочувајќи го растот на БДП од 4,3 проценти и намалувањето на инфлацијата.

„Не велам дека сè е идеално и дека се живее одлично. Ја разбирам секоја мака на граѓаните, но тука сме да работиме деноноќно за резултати и за нашата иднина“, порача Мицкоски.