Мицкоски: СДСМ се бори да опстане, а ДУИ се бори да се врати на политичката сцена со националистичка реторика!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција по повод 100 дена Влада истакна дека СДСМ се бори да опстане, додека пак ДУИ се бори да се врати на политичката сцена со националистичка реторика.

„Очајната опозиција која што едната се бори да опстане на полициската станица, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена бидејќи немаат што друго да понудат, и они мислат дека ако испраќаат такви пораки, дека на тој начин ќе внесат раздој , клинк, недоверба во оваа коалиција, морам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни туку таквото нивно однесување го зајакнува нашиот заеднички дух и во таа насока продолжуваме и понатаму да ја градиме Македонија“, вели Мицкоски.

Тој додава дека вреди да се борат заедно и не смеат да ја изневерат довербата од граѓаните.

„Не смееме да се вртиме кон овие политичари кои што поминаа децении во македонската политика а ќе останат запаметени по две работи многу корупција, како ги ограбуваа граѓаните и многу предавства на сметка на личните интереси“, додава Мицкоски.

Како што вели нема да навлегува во тоа зошто ДУИ во изминатите 21 година години не успеала да ги постигне стратешките теми, но успеала во повеќе од 100 илјади раселени Албанци од Македонија, ни па зошто СДСМ на лага се обидувале да ја задржат власта во изминатите 7 години, а денес се бори за да опстане на политичката сцена.