Објави фотографии со унгарскиот премиер Виктор Орбан и му го честиташе четвртиот мандат како премиер на Унгарија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во Унгарија за да му даде поддршка на парламентарните избори на премиерот Виктор Орбан а честитката ја заврши велејќи “Македонија има пријатели“. Токму во Будимпешта е во бегство екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој има статус на азилант добиен од администрацијата предводена од Виктор Орбан. Реагираа од СДСМ. Велат дека Мицкоски се сретнал со екс премиерот Груевски за да прими нови задачи и инструкции од Груевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот лидер Христијан Мицкоски не се сретнал со Груевски. Додаваат дека премиерот Ковачевски е тој кој што добива насоки од екс премиерот Зоран Заев за соопштенијата против ВМРО-ДПМНЕ.
Екс премиерот Никола Груевски од 2018 година е во бегство со што избегна затворска казна за неколку судски предмети, а за неговото бегство ниту една институција до сега не понесе одговорност.
