Мицкоски: Се остварија сценаријата за кои предупредував во кампањата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по остварувањето на своето право на глас, даде изјава за медиумите.

„Сакам да испратам три пораки. Првата е да им порачам на граѓаните на Република Македонија масовна излезност. Втората е дека за време на кампањата предупредував за две можни сценарија, кои гледаме дека се реалност. Онаа група политичари кои во своето име го имаат зборот Европски, а немаат ниту „е“ од тоа европски, тие се заглавени во минатото, во 18 век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики. Третата порака е до вас новинарите, благодарам што бевте објективни, за сето она што се случуваше и ви посакувам успешна кариера во иднина“, рече Мицкоски.