Мицкоски: Собрани 25 илјади потписи, Македонија не сака фалсификат попис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил посочи дека за неколку часа собрани 25 илјади потписи за одложување на пописот.

„ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа. Благодарност до сите што се потпишаа. Македонија не сака фалсификат попис. Народот се потпишува против фалсификат попис. Продолжуваме и утре!Ј асна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев. Потпис за вистински европски попис!“, додава Мицкоски