На предлог на одбраната, Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ сведочеше за настаните од 27 април. Рече дека преку ВМРО-ДПМНЕ немало никаква организација и групирање за протестите да бидат помасовни. Откако излезе од судското рочиште во изјава за медиумите рече дека овој судски процес бил монтиран и политички, со цел, како што рече да и се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и да се изврши терор над нејзини активисти.
Мицкоски рече дека на 27 април дошол пред вратите на Собранието но не влегол внатре. Според него, ВМРО-ДПМНЕ била партија која настрадала на 27 април, а СДСМ имала придобивки. Меѓу другото тој рече дека се обидел да се пошегува и да внесе хумор во судската сала бидејќи атмосферата била чудна и сериозна.
Како организатори на 27 април обвинети се екс претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, министерот за образование, Спиро Ристовски како и екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски.
