Мицкоски: Точно е дека бев во ресторан во Дебар Маало, но не бев доволно информиран за новите протоколи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил открива дека точно е дека бил во ресторан во Дебар Маало со двајца негови познаници, но додава дека не бил информиран доволно за новите протоколи.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива“, пишува Мицкоски.

Претходно, раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје Мери Продановска на вонредна прес-конференција изјави дека инспектори биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“.

Според неа, додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија, но не прецираше за кого станува збор.

Во продолжение целиот ФБ статус на Христијан Мицкоски:

Во услови кога имаме вистинска катастрофа од ширењето на корона заразата и целосно фијаско на власта која е…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 3. Juni 2020