Мицкоски условува за бaлансерот и Бадентер – Села: Албанскиот јазик не може да се условува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за бришење на 20 отсто од Уставот условува  со измена на Бадентерот и балансерот. Мицкоски денеска изјави и дека е подготвен да разговара за отстранување на 20 отсто што се однесува  до албанскиот јазик во Уставот, но истакна дека со отворањето на Уставот ќе треба да се размислува и за отстранување на Бадентерот и балансерот, но и формирање на една  изборна единица.

Албанскиот јазик е албански јазик и во никој случај не може да се условува ниту со Бадентер, ниту со балансер, изјави првиот човек на АА, Зијадин Села.

„Албанскиот јазик е албански јазик и не може да се условува. Имаме разбирање за нашите македонски сограѓани во моментот кога се соочуваат и со Грција и со Бугарија, очекуваме да имаат исто разбирање кон нас и нашиот јазик“, вели Зијадин Села.

Што се однесува до балансерот, Села рече дека кога ќе има закон за правична и соодветна застапеност само тогаш нема да има потреба од балансер.

„Алијансата за Албанците од следната недела ќе предложи предлог закон за правична и соодветна застапеност, согласно она што го ветивме пред граѓаните и во моментот кога ќе биде овој закон, тогаш не гледаме зошто треба да има  балансер“, додава Села.

Што се однесува до Бадентер,  Села рече дека истиот не ја постигнал целта, но треба да се најде друг механизам кој ќе биде поефикасен и потоа да се разговара за отстранување на Бадентеровиот механизам.