Мицкоски утре на средба со банкарите: Не е сигурен дали ќе ги убеди да субвенционираат трошоци од кредитот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Мицкоски утре ќе има средба со банкарите за да преговара субвенционирање на дел од трошоците за кредитите за фирмите од унгарскиот заем, но рече дека не е сигурен дали ќе ги убеди.

Очекува дека ќе имаат отворен разговор, при што им упати повик да покажат општествена одговорност во ситуација на глобални предизвици. Инаку, досега само една банка пројавила интерес да субвенционира дел од каматата за унгарскиот кредит.

„Ние утре ќе разговараме, дали ќе успееме не знам. Каков ќе биде исходот, знам дека сигурно корисниците ќе ги користат оние услови за кои што ние зборувавме. Но морам да напоменам дека и во минатото во овие повеќе од 3 децении државата секогаш субвенционирала ваков тип на заеми и огромна сума на средства по основ на камати како резултат на тие субвенции завршиле кај банките нормално или кај заемодавателите. Дали ќе успеам и кои се условите кои што на крај од утре ќе ги договориме не зависи само од мене“, вели Мицкоски.