Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не се планираат уставни измени во оваа фаза, но најави дека ќе се направат напори за презентирање на позицијата на Македонија пред светските авторитети. Според него, иако не се очекува значителен напредок во евроинтеграциите до крајот на годината, Владата ќе продолжи да се бори за деблокада на процесот.
„Не знам дали ќе има напредок во следните месеци, но ќе направиме сè што е во наша моќ. Нашата позиција е темелена на принципи и аргументи, и тоа го повторуваме постојано. Доколку има волја, постои и начин за решение, но тоа не зависи само од нас“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека за да се постигне напредок потребен е дијалог со други страни.
Во декември, Мицкоски ќе престојува два пати во Брисел, каде ќе има билатерални разговори и ќе учествува на самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат значајни европски лидери. „Нема да седиме со скрстени раце. Нашата агенда е да се бориме и да излеземе од летаргијата“, додаде премиерот, истакнувајќи дека, иако напредокот е постепен, земјата почнува да ги надминува поразите и да прави мали, но важни победници.