Премиерот Христијан Мицкоски денеска по прашање во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, истакна дека нема да има нови ресори, односно ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер.
„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, рече Мицкоски.
Околу имињата, тој истакна дека очекува да ги достави во понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста.
