Реконструкција на Влада, Мицкоски: Имињата ќе се знаат оваа недела – Башким Бакиу се очекува да го преземе Министерството за здравство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неофицијално, ТВ21 дознава дека Башким Бакиу се очекува да биде именуван за министер за здравство на местото на Азир Алиу. Промените во владиниот кабинет треба да бидат формализирани во текот на неделава.

„Можам да кажам дека имињата ќе бидат познати оваа недела. Но она што е сигурно е дека политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН ќе ги задржат тие позиции. Значи, нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа е договорено во рамките на нашата заедничка коалиција.“, вели Христијан Мицкоски.

Од ВЛЕН велат дека сигурно е дека Беким Сали ќе биде вицепремиер, но тој треба да биде именуван и за министер, најверојатно за евроинтеграции. За министер за животна средина веќе се споменува Мухамед Хоџа, а се очекува одлука и за Орхан Муртезани. Дополнително, се дознава дека ако Алиу го загуби ресорот здравство, ВЛЕН размислува да го постави за директор на Агенцијата за електронски комуникации.

„Она што го знаеме е дека Беким Сали ќе биде заменик-премиер, тоа е сигурно. Како ќе се среди ова, мислам дека е прашање за дискусија, бидејќи има неколку празни места што треба да се пополнат: Министерството за животна средина – тоа е празно место што треба да се пополни. Но овие разговори ги водат лидерите кои учествуваат во владата заедно со премиерот Мицкоски.“, вели Беким Ќоку.

Премиерот Мицкоски најави дека во понеделник ќе бидат доставени имињата, откако ќе биде донесена конечната одлука. Овие промени следуваат по заминувањето на Изет Меџити од Владата, кој ја презеде функцијата градоначалник на општина Чаир.