Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ, дека има политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за Груби да избега преку Блаце, одговори:
„Еве ако се врати, ќе се извинат? Па до сега што не измислија. Што не измислија до сега. Прво викаа ај едните отидоа, другите дојдоа, ај ништо не прават. После, мали риби ловат. Па сега, а од ДУИ никој, па сега, аха имаме договор со ДУИ. Да не знае човек што да им одговори. Еве што ако дојде? Еве, не мора денеска да дојде, ќе дојде да речеме за некое време. Чуден е тој Фројд. Чуден е, тоа кога потсвеста ти работи затоа што тоа си го правел и сега мислиш дека сите тоа го прават. Мојата порака до нив е, нека се концентрираат, нека си ги коригираат пораките во јавноста, затоа што и самите се збунети. Една личност различни пораки дава, на различни места. Тие останаа последниот, за жал, столб на одбрана на интересите на таквите како овие што ги споменавте, зборам од СДСМ.“